7.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаГруби - Училиштето е  конечно  сто проценти албанско- извојувавме победа

Груби – Училиштето е  конечно  сто проценти албанско- извојувавме победа

spot_imgspot_img

На крајот, народот и правдата, секогаш извојуваат победа, пишува на Фејсбук Артан Груби, шеф на кабинетот на лидерот на партијата Али Ахмети, за преименувањето на училиштето „Никола Вапцаров“ во „Имри Елези“, припадник на ОНА кој загина во војната во 2001 година.

Груби пишува дека училиштето во кое предавала мајка му, а тој учел и во кое сега таму се образуваат и неговите деца, конечно е 100 отсто албанско.

„Тоа училиште чиј директор до вчера беше Трајко, денес ја има Мерита, до вчера ги бркаше Албанците, денес е 100 отсто албанско, вчера се викаше „Никола Вапцаров“, денес се вика „Имри Елези“, име на ученик на ова училиште, паднат борец!“, пишува во дел од својот пост.

Преименувањето на училиштата поттикна реакции. Екс премиерот Зоран Заев прво кажа дека тоа било незаконско, а ден потоа го смени своето мислење.

Генералниот секретар и шеф на Централниот изборен штаб на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари  истакна дека менувањето на имињата на нелоклу училишта во Општина Чаир е смешен чин.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека за нив преименувањето на двете училишта во Чаир не направено на незаконит начин.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...