6 C
Ohrid
недела, ноември 29, 2020
Почетна Свет (видео) Ја однеле на болница, по грешка ја прогласиле за мртва и...

(видео) Ја однеле на болница, по грешка ја прогласиле за мртва и ја погребале, па се разбудила во гробот

Translate (Eng):[gtranslate]

Девојката имала повреди на рацете и главата, за кои се верува дека се случиле при нејзините обиди да излезе надвор.

Росанхела Алмеида дос Сантос (37)  од Бразил, за која се верува дека починала од септички шок по два срцеви удари, по грешка е погребана жива. По 11 дена врескање, плачење и обидување да излезе од таму, таа починала.

Девојката била прогласена за мртва во болница на 28 јануари, а била погребана следниот ден. Луѓето кои живеат во близина на гробиштата, каде што била погребана на 9-ти февруари го известиле нејзиното семејство и роднините дека во близина на гробното место може да се чујат врисоци и удари.

РЕКЛАМА

Кога пристигнале да го отворат гробот, Росанхела веќе била почината. Телото било свртено и сè уште топло, а имала повреди на главата и рацете, за кои се смета дека се случиле при обидите да излезе надвор. Семејството го пријавил случајот во полиција.

Нејзината сестра, Изамара Алмеида, рекладека не сакаат да обвинат ниту еден лекар, дека не сакаат да предизвикаат никакви проблеми, но дека сигурно било невозможно телото да остане топло, особено по 11 дена. .

Полицијата зела изјави од членовите на семејството и од другите луѓе и било посочено дека доколку е потребно, телото на Росанхела ќе биде повторно ексхумирано за да се утврди што навистина се случило.

Портпаролот на болницата, каде девојката беше прогласена за мртва, рече дека ќе ги обезбеди сите информации што ги бараат членовите на семејството или владините претставници.

 

- Реклами -