24 C
Ohrid
сабота, септември 19, 2020
Почетна Македонија Дебарца Ногачески: Почитувани сограѓанки, припаднички на понежниот пол, oд срце ви го честитам...

Ногачески: Почитувани сограѓанки, припаднички на понежниот пол, oд срце ви го честитам денешниот ден, 8-ми Март

Translate (Eng):[gtranslate]

Осмомартовска честитка од градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески:

Почитувани сограѓанки, припаднички на понежниот пол,

Од срце Ви го честитам денешниот Ден, 8-ми Март, Денот на кој традиционално изразуваме благодарност и почит кон жените, Денот кој не потсетува на големите и храбри жени кои низ историјата се бореа за рамноправност, за она елементарно, во човечка и цивилизациска смисла, а кое многу често им било ускратено и одземено.

РЕКЛАМА

Денеска е друго време, многу работи цивилизацијата ги измени, многу грешки поправи, меѓутоа борбата сеуште трае.

На многу подрачја и денес треба да се бориме за вистинско вреднување на положбата и улогата на жените во современото општество. Со тие предизвици посебно е соочена руралната жена.

А повеќе жени во сите подрачја, посебно во оние во кои се управува со општеството само ќе придонесе овој свет да биде подобар, потолерантен и посреќен.

Со таа мисла посакувам Денот на жените уште повеќе да не поттикне секој ден во годината да го посветиме на рамноправноста, толеранцијата, солидарноста и општото добро.

Не заборавете, никој доброволно не се откажува од моќта, никој нема да Ви ја подари рамноправноста, за неа треба секојдневно да се борите, а општината и државата ќе бидат толку јаки колку што сте Вие силни, слободни, почитувани.

Бидете среќни и секој ден нека биде Ваш Ден.

П.С. Со поубавиот дел од општинската администрација.

Фотографија на Зоран Ногачески - Градоначалник на Дебрца.

Фотографија на Зоран Ногачески - Градоначалник на Дебрца.

Фотографија на Зоран Ногачески - Градоначалник на Дебрца.

- Реклами -