10.6 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаВо јуни ќе заврши реставрацијата на вечниот дом на Тоше

Во јуни ќе заврши реставрацијата на вечниот дом на Тоше

Ангелски глас, харизма, насмевка која плени со милост, неодолив шарм, срце полно со хуманост, позитивност, очи сјајни како ѕвезди, емотивност пренесена во песните… тешко може со зборови да се опише големината и убавината на нашиот Тоше Проески.

Нашата непреболена музичка ѕвезда зрачеше со хуманост и човечност, но и со скромност, па речиси никогаш не зборуваше јавно за своите добри дела. Тој само ќе речеше: „Блажена е душата што дава“ и даваше без да бара ништо за возврат. Многу од хуманите дела на Тоше се дознаа по неговото заминување во октомври 2007 година, а некои, можеби никогаш нема да ги дознаеме.

Никогаш нема да ги заборавиме неговите зборови „Ве сакам сите“, зашто ние навистина ја чувствувавме неговата љубов, дури и кога бевме публика пред малите екрани.

Имено, поволното време максимално се користи за реставрација на вечниот дом на македонската поп икона Тоше Проески во Крушево.

Изведувач на проектот е „Енергоинвест“ од Скопје а оттаму порачаа дека најдоцна до месец јуни се очекува објектот да биде комплетно готов.

фокус

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанецот Давид Крстески е нашиот херој од последното Европско Таеквон-до ИТФ првенство освојувајќи бронзен медал во борби

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 15-ти до 22-ри април 2024, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое се одржа во Копер, Словенија. На ова...

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...