14.6 C
Ohrid
вторник, април 16, 2024
ПочетнаМакедонијаДимитров, Спасовски, Николовски, Заев и Шекеринска носители на кандидатските листи на СДСМ

Димитров, Спасовски, Николовски, Заев и Шекеринска носители на кандидатските листи на СДСМ

Никола Димитров, Оливер Спасовски, Љупчо Николовски, Зоран Заев и Радмила Шекеринска се носители на кандидатските листи на СДСМ и коалицијата во изборните единици 1, 2, 3, 4 и 5, додека носителот на листата во шестата изборна единица е оставен за претставник на коалициските партнери, дознаваме неофицијално од партиски извори.

Според нашите извори, на партискиот конгрес што се одржува вечерва листите на СДСМ се дефинирани и не се очекуваат некакви промени. На листата за првата изборна единица по Димитров се Мила Царовска и Дамјан Манчевски, Мери Георгиевска од Карпош, Даниела Николова од Аеродром, Снежана Калеска-Ванчева од Центар и Дарко Каевски од Кисела Вода, а 4 места се оставени за коалициски партнери.

Во втората изборна единициа по носителот Спасовски се Сања Лукаревска, Мухамед Зекири од Чаир, Даниела Маркоска од Ѓорче Петров, Мартин Костовски од Куманово, Љатифе Шикоска, Славјанка Петровска од Бутел, Марија Стрезовска-Матевска од Гази Баба и Ферат Асан од Шуто Оризари, плус две места за коалицијата.

Веднаш зад Николовски во третата изборна единица е Јагода Шахпаска, па Сашо Николов од Штип, Ненад Коциќ од Велес, Соња Михаилова од Делчево, Марија Анеглова од Кочани, Зекир Рамчиловиќ од Петровец и Мухамед Кадриу од Чашка и три места за коалицијата.

Второт место на листата во четвроката после Заев е резервирано за коалицијата, а потоа следуваат Миле Талески од Прилеп, Даниела Колева од Кавадарци, Панчо Минов од Кавадарци, Мара Костадинова од Гевгелија, Костадин Костадинов од Струмица, Лолита Ристова од Неготино, Никола Чаракчиев од Радовиш, Драгица Ѓавочанова од Богданци и уште едно место за коалицијата.

Во петтата изборна единица зад Шекеринска е Јован Митрески од Струга, Бисера Костадинова од Битола, Лазе Танески од Охрид, Бети рабаџиева од Ресен, Александра Цветкоска од Кичево и Белиса Зекири од Маврово Ростуше, додека за коалицијата се обезбедени 4 места.

„Шестката”, според неофицијалните информации ќе ја води претставник на коалицијата, а на второ место е Фаница Николовска од Тетово. На листата се и Драгољуб Филиповски од Гостивар, Татјана Лалчевска од Тетово, Бети Мисовска од јегуновце, Даниел Антоски од Брвеница и уште четири места за коалицијата.

мкд

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Владата заклучи: 24 април (среда) и 8 мај да бидат неработни денови за сите граѓани

На 16. седница, Владата заклучи 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на...

Да бидеме хумани! Апел за помош на Сашо Лазаровски кој по вторпат се бори со рак

Сашо Лазаровски има потреба од нашата помош. Битолчанецот, кој еднаш го победи ракот на белите дробови, сега повторно води тешка борба со оваа опака...

Таравари: Ќе гo забраниме коцкањето и брзите кредити, идната Влада ќе ги покрива долговите на граѓаните од брзи кредити“, рече Таравари

Претседателскиот кандидат Арбен Таравари денеска оствари важна посета на градот Струга, каде се разговараше за различни прашања во заедницата, почнувајќи од здравствените работници до...

Давкова: Денес во Валандово се сретнав со мојот драг колега, Ѓорге Иванов.

Во пријатната атмосфера, денес, во неговиот роден град Валандово, се сретнав со мојот драг колега, Ѓорге Иванов. Имавме можност да поразговаравме за многу...