15.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаЗабаваКоја била баба Марта.

Која била баба Марта.

Според народните верувања, Баба Марта е олицетворение на пролетта, повторното прашање, новите желби и неопходност на усогласеност со природата и со животот на луѓето. Кога го нема тоа, таа на земјата испраќа снег за да ги опомене луѓето дека треба да внимаваат на однесувањето.

Колку често во животот, особено од постарите, сте го чуле изразот Баба Марта, а всушност и не знаете што значи тоа!? Станува збор за митолошко суштество, чиешто име настанало како персонификација на месецот март и неговата променлива природа и нередвидливи метеоролошки појави.

Баба Марта, всушност, во секојдневниот говор се користи за временските незгоди кога за тоа не е време, а изразот го употребуваат речиси сите словенски народи.

Имено, во периодот кон крајот на март и почеток на април често ненадејно знаат да задуваат ветришта и да падне снег кога за тоа не е време, а за таквите временски околности се употребува едноставен израз – Баба Марта.

Легендата вели дека таа прво се налутила кога римскиот крал Нума Помпилиј ѝ го одзел првото место во календарот додавајќи пред неа уште два месеци. Оттогаш, таа навредена старица, станала непредвидлива. Еден момент во неа се буди воинствениот дух на богот Марс, па така се одмаздува праќајќи студ на земјата, за во друг момент да реши со топлата насмевка да испрати пролетна радост.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Уапсен Охриѓанец- Го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид. По целосно документирање на настанот, против него...

Пецаков: Денес му оддаваме достојна почит на охридскиот револуционер Христо Узунов, кој со својата голема храброст остави неизбришлив печат во македонската историја

Денес му оддаваме достојна почит на охридскиот револуционер Христо Узунов, кој со својата голема храброст остави неизбришлив печат во македонската историја и беше еден...

На гласачко место во Скопје пронајдена испукана димна бомба !!!

Министерството за внатрешни работи досега нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без...

Тошковски: Безбедносната состојба стабилна, нема никакви нарушувања во изборниот процес

Безбедносната состојба е стабилна. Нема никакви нарушувања во изборниот процес. Немаме забележано никакви посериозни нарушувања во изборниот процес, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни...