14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаМицкоски на средбата со Орбан: Барав датум за преговори со ЕУ

Мицкоски на средбата со Орбан: Барав датум за преговори со ЕУ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски вчера во Будимпешта се сретнаа со премиерот на Република Унгарија и претседател на сестринската владејачка партија Фидеш, Виктор Орбан.

Од ВМРО ДПМНЕ соопштија дека главна тема на разговорот било инсистирањето и лобирањето на Мицкоски Македонија да добие датум за преговори со Европската Унија.

„Граѓаните и државата не смеат да бидат заложници на погрешните и погубни политики на Зоран Заев и неговата влада, нема повеќе време за губење и е потребно да се даде датум за преговори, при што ВМРО-ДПМНЕ гарантира сериозен план по изборите за имплементација на мерки и реформи кои државата ќе ја стават на брза трака на патот кон Европската Унија, а воедно ќе се надополни изгубеното време”, рекол Мицкоски.

Тој побарал од Орбан како член на Европскиот Совет да се заложи во убедувањето на другите шефови на влади на земјите членки на Унијата да ѝ овозможат на Македонија датум за отпочнување на преговори. На средбата Мицкоски истакнал дека сега лобира за датум за преговори, а по датумот ветува силен капацитет на спроведување на реформи кои ќе ја остварат европската перспектива на државата.

Од партијата наведуваат дека Мицкоски го информирал унгарскиот премиер за “загрижувачката економска и политичка состојба, како и високиот степен на криминализираност на општеството која поминува неказнето и со отсуство на волја на македонската Влада да влезе во отворена битка против корупцијата”.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...