6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаПавле Богоески: Наредниве две недели ќе бидам во самоизолација бидеќи и јас...

Павле Богоески: Наредниве две недели ќе бидам во самоизолација бидеќи и јас патував за Германија.

Се огласи Павле Богоевски на фејзбук:

Друштво, Наредниве две недели ќе можете да ме добиете само по телефон или преку електронска комуникација. Кога мерките за превенција и сузбивање на коронавирусот стапија на сила, јас бев на службен пат во Германија (земја од среден ризик) и наредните две недели се разбира, ќе бидам во самоизолација. Во моментов сум без симптоми.

Прво, сакам да му честитам на Филипче и неговиот тим за навремената, координирана и транспарентна рекација на ситуацијата. Начинот на кој се справуваат влева сигурност и дејствува смирувачки во целиов хаос и бура од лажни вести и тенденциозни политиканства на сметка на здравјето и емоциите на граѓаните.Резултат со слика за павле богоески

Второ, сакам да укажам на можен проблем со имплементацијата на мерките. Иако нам ни се добро познати, забележав дека мал дел од патниците знаеа за мерките. Посебно делот за самоизолација и препораката за јавни собири.

Доколку се враќате од некоја од државите со среден и висок ризик, комуницирајте ги мерките со останатите патници. Маските се корисни, но нивниот бенефит е ограничен и на крајот, сепак ќе го дишете истиот воздух со сите други патници на таа дестинација.

Така, неколкуте разменети зборови нема да ве изложат многу повеќе од што и без тоа сте изложени. Испратете им порака на сите пријатели за кои знаете дека патот може да ги носи натаму.

Најважно од сѐ: Без паника! Што сѐ не поминавме, па за една корона ли… 😉

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...