13.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаШилегов: Галиите во Вардар стануваат минато, денес започна постапка за нивно остранување.

Шилегов: Галиите во Вардар стануваат минато, денес започна постапка за нивно остранување.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска на прес-конференција кажа дека е во план да ги отстрани галиите на Вардар и тоа оваа година. Денеска се создадоа условите и почна постапката за отстранување на првата галија од коритото на Вардар, вели градоначалникот Петре Шилегов, на денешната прес-конференција.

Градот Скопје во изминатиот период водеше сериозни правни постапки, со сериозна правна прецизност, за да се создадат услови за отстранување на првата галија од коритото на реката Вардар .

Условите се создадени и во рок од 30 дена корисникот на таа, таканаречена, урбана опрема е должен сам да ја отстрани. Во спротивно, тоа ќе го направи Градот на негов трошок, по истекот на овој рок, некаде по 10 април оваа година, вели Шилегов.

Шилегов исто така додаде дека сите анализи и студии што ги направивме укажуваат дека објектите од проектот Скопје 2014 кои што се наоѓаат внатре во коритото на Вардар – галиите, можат да донесат поплави.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пукање пред кафеана во Охрид, приведени две лица!

На 29.03.2024 во 00.15 часот пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа К.Б.(67) и М.П.(37), двајцата од...

Вознемерувачки фотографии од тешката сообраќајна незгода во Кичево во која животот го загубија три лица.

Шило Магазин дојде до ексклузивни фотографии од тешката сообраќајна незгода во која има тројца загинати и неколкумина повредени лица. МВР соопшти дека утрово во 4.50...

Страшна сообраќајка кај Кичево – тројца млади загинаа, неколкумина тешко повредени

Тројца загинати и неколкумина повредени лица е последица на страшната сообраќајна несзгод ашто се случила рано утрово во Кичево, информир аполицијата. МВР соопшти дека утрово...

Излажан Тетовчанец за 11.000 евра: Албанец му ветил дека ќе му отвори фирма во Дубаи, па останал и без пари и без фирма..

57-годишен жител на тетовско село, вчера во 14 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека 58-годишниот М.М. од Република Албанија во текот...