9.4 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаНародната банка апелира да се избегнува плаќањето во кеш, плаќањата да се...

Народната банка апелира да се избегнува плаќањето во кеш, плаќањата да се вршат со платежни картички

НБРМ апелира до сите правни и физички лица да се придржуваат до мерките и препораките за превенција објавени од надлежните институции.

Во условите коишто ги наметнува глобалната ескалација на вирусот ковид-19 (коронавирус), Народната банка, следејќи ги утврдените мерки за превенција од ширење на вирусот, како и практиките на меѓународните финансиски институции и на централнобанкарската заедница, презеде конкретни активности за заштита на здравјето на заедницата, вклучително и на своите вработени.

Преземените активности и мерки се однесуваат и на остварувањето непрекинатост во работењето. Со нив треба да се овозможи превенција од и ублажување на ризиците коишто ги наметнува појавата на новата вирусна инфекција, вклучително и за вработените и работните процеси во Народната банка.

Тргнувајќи од овие цели, покрај активностите поврзани со внатрешната оперативна организација, предвидени се и мерки коишто се однесуваат на комуникацијата со надворешните лица.

Оттука, наведува Народна Банка, во претстојниот период, а започнувајќи од денес:

– Музејот и Библиотеката и архивот на Народната банка ќе бидат затворени за посетители;

– Нема да се одржуваат организирани посети за финансиска едукација;

– Исплатата и приемот на девизи од овластените лица на државните институции ќе се врши секој работен ден од 14 до 15 часот, исклучиво преку писарницата на Народната банка;

– Издавањето извештаи за податоци од кредитниот регистар ќе се врши само во вторник и четврток од 15 до 16 часот, исклучиво преку писарницата на Народната банка;

– Приемот на странки за замена на оштетени пари, за купување книжни и ковани пари за нумизматички потреби, како и на странките заинтересирани за купување ковани пари за колекционерски цели ќе се врши единствено во понеделник, во периодот од 12 до 13 часот.

Покрај тоа, заради заштита на јавното здравје апелираат:

– Да се избегнува користење готовина и плаќањата да се вршат со платежни картички;

– Да се избегнува посета на експозитурите/филијалите на деловните банки, како и на штедилниците и менувачниците и банкарските услуги да се користат преку сервисите за електронско, мобилно и телефонско банкарство;

– За упатување прашања, консултации и дописи до Народната банка, да не се доаѓа лично во просториите на Народната банка, туку тоа да се оствари преку е-адресата [email protected], преку официјалните страници на Народната банка на социјалните мрежи или на телефонските броеви 02/3108 108; 02/3108 219; 02/3108 212. За информации поврзани со кредитните работи со странство или други прашања во доменот на Дирекцијата за статистика на Народната банка, комуникацијата може да се оствари преку е-адресата [email protected] или преку телефонскиот број 02/3215-235, локал 123, 128, 120, 129, 126, 121 или 125.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...