24.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаПендаровски: Ќе ја активираме и армијата за борба против корона вирусот

Пендаровски: Ќе ја активираме и армијата за борба против корона вирусот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во одредени подрачја или на цела територија е можно да се прогласи кризна ситуација.
За ова пред малку информираше шефот на државата кој кажа дека за во понеделник е закажана седница на Советот за безбедност.
На седницата, според кажаното од Пендаровски се повикани сите министри, како и министерот за здравство, Венко Филипче и началникот на Генералштабот.
Пендаровски од министерот за здравство ќе бара отчет што се е преземено досега во врска со ситуацијата во државата, односно за непознатиот вирус корона.
Доколку се влоши ситуацијата ќе се прогласи кризна состојба во одредени подрачја или на цела територија, а притоа армијата да помогне. Ако затреба, ќе се прогласи и вонредна состојба. Во понеделник ќе се разговара за сите овие теми, но сепак Советот за безбедност ќе ја донесе одлуката како надлежен-кажа Пендаровски.
Пендаровски смета дека во моментов нема потреба од вонредна состојба. Доколку дојде до тоа, Собранието, повторно ќе се состане.
Полициски час сепак, претседателот смета дека нема да се воведе, туку побара од граѓаните поголема одговорност.
Во однос на изборите, Пендаровски е скептичен дали може да се реализираат ефикасно во ваков амбиент.

<
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Автопатот Скопје-Тетово затворен во двата правци

Автопатот Скопје – Тетово е целосно затворен за сообраќај во двата правци, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Граѓаните се повикуваат...

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....