7.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаПоради коронавирусот „Тотал ТВ“ бесплатно ги отвори дополнителните канали за своите претплатници

Поради коронавирусот „Тотал ТВ“ бесплатно ги отвори дополнителните канали за своите претплатници

spot_imgspot_img

МАКЕДОНИЈА„Тотал ТВ“ бесплатно ги отвори дополнителните канали за своите претплатнициОбјавено пред 3 часа – 13 март, 2020Од Макфакс

Кабелскиот оператор „Тотал ТВ“ денес ги израдува своите претплатници со известувањето за бесплатно отворање на сите дополнителни канали.

„Вообичаено ова го правиме во убави моменти, меѓутоа ние сме тука за вас и во лошите мигови. Свесни сме колкав стрес и промени во животните навики носи вонредната состојба поради епидемијата на вирусот корона. И знаеме дека и покрај другите препорачани начини на превенција, повеќето луѓе ќе поминуваат поголем дел од времето дома со семејството најчесто пред телевизорот. Од таа причина како компанија која навистина се грижи за граѓаните и со желба барем малку да се олесни ваквата ситуација во којашто сме сите заедно, решивме до 4 мај да ги отвориме дополнителните канали и да ви ги понудиме најразличните содржини“.

Опуштете се, смејте се со програмата што ја сакате и останете безбедни“, стои во известувањето од „Тотал ТВ“.

Makfax.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...