6.8 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаСите филмови на македонскиот режисер Милчо Манчевски ќе се прикажуваат на Македонската...

Сите филмови на македонскиот режисер Милчо Манчевски ќе се прикажуваат на Македонската радиотелевизија (МРТ)

Сите филмови македонскиот режисер Милчо Манчевски ќе се прикажуваат на Македонската радиотелевизија (МРТ). Манчевски преку „Фејсбук“ го најави својот придонес и поддршка на вонредните мерки во државава.

„И дома е убаво со „Пред дождот“. Денес во 22ч. филмот „Пред дождот“ на МРТВ. Сите филмови на Манчевски на МРТВ како поддршка на вонредните мерки. В недела Мајки. Наредниот викенд Сенки и Бикини Мун.
#Седидома со Милчо“, порача режисерот.

Инаку, поради зголемување на бројот на заразени лица во нашата земја на 18, се донесуваат нови построги заштитни мерките. Со нив се затвораат сите копнени гранични премини, освен Богородица, Ќафасан, Табановце и Блаце. Се затвора аеродромот во Охрид. Забрана за влез за странски државјани од земјите со среден ризик, според листата на СЗО, соопшти министерот за здравство Венко Филипче, на вечерашната вонредна пресконференција.

Министерот истот така истакна дека Кризниот штаб донесол одлука да се затворат сите продавници во трговските центри, освен маркетите, продавниците за храна и аптеките.

Како што појасни Филипче, рестораните кои подготвуваат храна може да работат, но храната да ја доставуваат на алтернативен начин, односно, да ја доставуваат до дома или пак, ако ја презема купувачот, тоа да го прави надвор од објектот. Истото им го порача и на сите други продавници.

– Тие може да вршат продажба, на алтернативен начин, односно, да вршат продажба преку интернет или телефон и да вршат достава до дома, на соодветен начин, рече министерот Филипче на прес-конференцијата.

Исто така, клуч на врата ќе има и за сите кафетерии, барови, клубови, казина, обложувалници и други објекти каде се организираат игри на среќа.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...