14.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаСветИсповед на Елизабетa Шнајдер девојката која го победи коронавирусот. (Видео)

Исповед на Елизабетa Шнајдер девојката која го победи коронавирусот. (Видео)

Елизабетa Шнајдер (37) од Сиетл, Вашингтон, го „добила“ вирусот на една куќна забава. Таа така верува бидејќи неколку дена по забавата, неколку нејзини пријатели кои биле присутни во куќата се разболеле, во исто време како и таа.

Три дена по забавата на 22 февруари, Елизабета била на работа кога и се слошило и се почувствувала болна и изнемоштена.

„Се чувствував уморна, имав болка во целото тело, главоболка и лесна треска, па решив да одам дома“, изјави таа за Си-Ен-Ен.

Легнав и кога се разбудив, имав температура од 38,3 а веднаш потоа скокна на 39,4. „Мислев дека имам грип“, не ни претпоставував дека се работи за Ковид-19, вели Елизабета.

Таа не кашлала и воопшто немала проблеми со дишењето. Десетина од нејзините пријатели кои биле на иста забава се разболеле во истиот ден, со многу слични симптоми“. Токму тогаш таа се посомневала.

Лекарите мислеа дека станува збор за грип, но потоа дојдоа позитивните резултати за Корона. Елизабета истакна дека се опоравила од својата болест во домашен карантин, одмарајќи се,и пиејќи лекарства кои и ги препишале докторите за разлика од повеќето свои пријатели кои морале да лежат во болница, кои сега се во добра здравствена состојба.

-Најважното нешто што сакам да им го кажам на другите е – ве молам, не паничете. Ако си здрав, млад, се грижиш за себе кога си болен, ќе се опоравиш, ќе веруваш во себе си. Јас сум животен доказ за тоа, рече таа.

Си-Ен-Ен посочува дека новиот вирус за постари лица или лица со претходно постоечки медицински проблем, како што се срцеви заболувања или дијабетес, може да биде фатален.

Областа во Сиетл е во епицентарот на избувнувањето на епидемијата на САД. Од повеќе од 1.630 случаи пријавени во земјата откако вирусот за прв пат се појави во јануари, 457 се од Вашингтон, вклучувајќи 41 по чинати.

Денес во цела Америка има преку 3000 заразени, а американската администрација вчлера прогласи вонредна сотојба за полесно справување со вирусот. Откажани се и сите летови од Европа, но и од останати делови од светот.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

СДСМ: Ги очекуваме првичните резултати од изборите.

Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ, прес-конференција по завршувањето на претседателските избори, Скопје, 24.4.2024 година Изборниот ден помина во фер и демократска атмосфера, а граѓаните својата...

Таравари: По долги години ДУИ конечно оди во опозиција

Кандидатот за претседател од редовите на албанската „Вреди“, Арбен Таравари на првата прес – конференција по затворањето на гласачките места порача дека очекува на...

На 20% пребројани гласови – Гордана 44,71%, Стево 19,09%

На 20% на ниво на Македонија, пребројаните гласови се вака: Гордана Сиљановска Давкова 64.929 44.71% Стево Пендаровски 27.728 19.09% Бујар ОСмани 18.896 13% Арбен Таравари 12.916 8.5% Максим...

На 5% обработени на ниво на Македонија: ВМРО ДПМНЕ води со двојна разлика !!!

На 5% обработени на ниво на Македонија: Гордана 7.782 Бујар 3.428 Стево 3.402 Арбен 1.906 Максим 1.384 Билјана 916 Стевчо 131