9.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаМинистерството за здравство информира дека вториот, повторен тест на лицето од Кочани,...

Министерството за здравство информира дека вториот, повторен тест на лицето од Кочани, чиј брис пристигна преку Центарот за јавно здравје – Штип е негативен на коронавирусот

Министерството за здравство информира дека вториот, повторен тест на лицето од Кочани, чиј брис пристигна преку Центарот за јавно здравје – Штип е негативен на коронавирусот.

И првиот тест на пациентот од Кочани беше негативен, но заради типичните симптоми на вирусот, истиот се повтори.

Сите седум лица тестирани денеска се негативни на вирусот и нема нови пациенти позитивни на коронавирус во земјата.

Министерството за здравство информира и дека професорот доктор од Инфективната клиника кој е назначен за координатор на службата за инфективни болести во Дебар е пристигнат во Дебар и веќе е започната анализа на состојбата и координација на активностите околу новите тестирања и новиот план за работа на докторите- епидемиологот и двајцата инфектолози коишто се веќе таму.

извор: Makfax

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...

19-годишник и малолетник завршиjа во полиција – Го прекршиле изборниот молк !!

Две лица од тетовско со лепење плакати за кандидат за претседател го прекршиле изборниот молк. Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово во 01.05...