10 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаСветОвој пример да се следи и во Македонија: Бугарската влада ќе ги...

Овој пример да се следи и во Македонија: Бугарската влада ќе ги награди со по 500 евра сите медицински лица кои се борат против коронавирусот.

Бугарската Влада ќе додели по 1.000 лева (500 евра) месечно дополнителен надоместок за сите медицински лица кои се борат против корона вирусот во Бугарија во моментов. Тоа го најави премиерот Бојко Борисов по вонредната средба со претседателот Румен Радев и шефот на Националниот оперативен штаб, генерал-мајор Венцислав Мутафчијски.

– Најитно е да можеме да ги заштитиме лекарите, медицинските сестри, лаборантите, болничарите. Разговаравме и денеска или утре ќе објавиме по 1.000 лева по медицинско лице“, најави премиерот.

Тој прецизираше дека Владата треба да постапи со претпазливост за следните мерки и дека државните резерви во моментот многу внимателно се следат.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...