11.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаСо верба во Бог се ќе помине: Моштите на Свети Климет го...

Со верба во Бог се ќе помине: Моштите на Свети Климет го имаат излекувано Охрид од Колера..

Свети владика Николај Битолско-охридски, Емануил, 2. За чудесните исцелувања 15. Повест за колерата во град Охрид – 1910 година Стариот Сандре Чипаноски, долгогодишниот епитроп на црквата свети Климент (Пресвета Богородица Перивлепта), го раскажува овој настан.

Во 1910 година беснееше колера во Охрид. Градот секој ден се полнеше со мртовци. Лек немаше. Народот почна да се преселува и да бега во околните села. Манастирот свети Наум беше полн со избегани охриѓани. Тогаш, вели Сандре, му предложив на поп Ѓорѓи и на уште еден поп кој беше при црквата свети Климент, да ги земиме моштите на светиот отец наш Климент и да ја поминеме низ градот во литија. Поповите се согласија и веднаш тргнавме, само ние, неколку души. Попат почна да ни се придружува народот. Го поминавме варошот, па потоа низ чаршијата. Турците не ни сметаа, зашто и тие се луѓе наши браќа од човештвото кој се пред Бога исти и делиме исти проблеми,и среќата и несреќата исто ја доживуваме,а сега сите паѓааме од колерата како муви. И така до вечерта се вративме со моштите во црквата свети Климент. Другиот ден никој повеќе не се разболе од колера. Оваа грозна болест веднаш се пресече. Носењето на светињите во литија многу помага, вели стариот Сандре. И потсетува на случајот во Цариград. Еднаш и во Цариград завладеала колера и многу народ покосила.Тогаш Патријархот пошол кај султанот и замолил за одобрение, да се пренесе низ градот појасот на Пресвета Богородица, кој тогаш се чувал во црквата Влахерна. Султанот дозволил, и литија со Појасот и со Патријархот, свештенството, со крстови и рипиди прошла низ Цариград. И колерата веднаш престанала.

ohridnet

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...