8.2 C
Ohrid
петок, јануари 24, 2025
ПочетнаСветАлбанија ги засили мерките: Се забранува пешачење после 18:00 часот !!

Албанија ги засили мерките: Се забранува пешачење после 18:00 часот !!

spot_img

Коронавирусот кој стана најголем непријател на целиот свет, на сите граѓани ширум светот ги доведе земјите и на Балканот да спроведат строги мерки за борба против истиот, а дел од нив прогласија и вонредна состојба.

<

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ги повика сите земји да ги засилат програмите за тестирање како најдобар начин да ја забават пандемијата на вирусот Ковид-19.

Она што доаѓа како најнова строга мерка е кај нашиот сосед Албанија каде што се воведува забрана за пешачење по 18:00 часот и стапуваат во сила казни за пешаците и за оние кои ќе седат во парковите или на други отворени места низ цела Албанија. Во меѓувреме, бројот на заразени во Косово се зголеми на 13, по четирите нови случаи.

Во меѓувреме кај нас, во кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски се одржува советот за национална безбедност ја разгледува ситуацијата со коронавирусот, а во текот на утрешниот ден ќе се одржи и лидерска средба каде што ќе се разгледува прашањето за одложување на изборите.

Како што соопштија од Кабинетот на шефот на државата, на лидерската средба е најавено присуство на претседателите на СДСМ, Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на ДУИ, Али Ахмети, на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, на Алтернатива, Африм Гаши, на Движење Беса, Билал Касами и на ДПА, Мендух Тачи. На средбата ќе присуствуваат и претседателот на Собранието Талат Џафери и премиерот Оливер Спасовски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Џип од Министерство во вредност 60 илјади евра бил заборавен во сервис, сега е без врати и делови

Кога јавноста ќе ги види сликите, ќе може да процени како може еден сериозно скап автомобил од Министерството да биде оставен на милост и...

Пуш-пауза: Катица Јанева сликана пред адвокатска канцеларија

Случаен минувач кој и ја испрати фотографијата на редакцијата на Курир ја овековечи Катица Јанева пред канцеларијата на нејзиниот син. Поранешната специјална обвинителка е...

Денеска четири судења против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко

Во Основниот суд во Струга почна првото од закажаните за денеска четири судења против градоначалникот Рамиз Мерко – за плочата на општинската зграда, две...

Во Хрватска продавниците празни: Бојкот поради високите цени !!!

Во Хрватска за денеска е најавен бојкот на продавници, малопродажни синџири и бензински пумпи поради постојаното поскапување, врз основа на иницијатива која започна од...