9.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаКина ќе донира 4 милиони евра за Македонија за да набави, 104...

Кина ќе донира 4 милиони евра за Македонија за да набави, 104 амбулантни возила, минибуси и опрема за во здравството

spot_imgspot_img

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи денес имаше средба со амбасадор на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо.

На средбата беа разменети писма за соработка меѓу владите, а беа потпишани и два договори за неповратни грантови за реализација на проекти во секторите здравство и социјална заштита, како и научно – истражувачка дејност во висина од речиси четири милиони евра.

– Како Национален координатор на странската помош, ми претставува вистинско задоволство кога од нашите пријатели, како што е Кинеската држава, ќе обезбедиме вака значајна и внимателно таргетирата помош. Дозволете и лично, како доктор, да го изразам моето задоволство што амбасадата, а и државата Кина, одлучија помошта да ја насочат токму во здравствениот сектор, каде навистина најмногу можеме да им помогнеме на граѓаните – истакна Османи.

Тој изрази благодарност до амбасадорот Ѕуо за неговата лична заложба во одржувањето на континуитет во одличната соработка меѓу двете земји.

– Од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Кина и Македонија до сега, Кина обезбедила вкупно 325 милиони јуани помош, опфаќајќи образование, медицинска нега, научни истражувања и други области – истакна амбасадорот Ѕуо.

Тој појасни дека проектите што ќе се спроведат во претстојниот период ќе им бидат од полза на двете земји и народи, и ќе промовираат поврзаност на Балканот, со цел постигнување на заеднички развој низ регионите.

– Договорот за поддршка во здравствената и социјална заштита е финансиран со грант во вредност од 30 милиони јуани, износ кој надминува три милиони и 800 илјади евра, а преку кој ќе се набават над сто возила за потребите на здравствениот сектор, вклучувајќи и опрема, за потребите од итната медицинска помош, како и унапредување на услугите за домашните посети во здравството – истакна Османи.

Денеска е потпишан и втор договор во висина од 620 илјади јуани, или околу 80 илјади евра, наменет за донација за опремување на Институтот за молекуларна биологија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Врховен одлучи: Таткото на убиената Вања оди во домашен притвор

Врховниот суд на Република Северна Македонија ја уважи жалбата на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, ја укина определената мерка притвор и за обвинетиот определи...

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...