11.9 C
Ohrid
вторник, април 16, 2024
ПочетнаМакедонијаЗошто државата не ги заштити докторите со скафандери? Случајот „Дебар“ покажува огромни...

Зошто државата не ги заштити докторите со скафандери? Случајот „Дебар“ покажува огромни пропусти!

Медицинските работници први на удар од вирусот „Ковид 19“. 5 нови заболени од Коронавирусот во само еден ден, 4 од нив се медицински работници од Дебар кои третирале заболени од вирусот. Пишува Лидер.

Тоа штo од 31 заболен во земјава дури 5 се здравствени работници покажува дека министерството за здравство и министерот Филипче немаат обезбедено соодветна опрема за заштита на оние кои се борат против вирусот.

Во светот, здравствените лица кои третираат заболени се облечени во специјални скафандери за оваа намена.

За разлика од таму, кај нас докторите кои ги третираат заболените и ги испитуваат можните заболени од Корона, се облечени само со мантил за една употреба, маска, ракавици и каљачи.

Ова според експертите е главна причина поради која тие се таргет на вирусот. Во своите предупредувања до европските земји, лекарите од Кина кои први се справуваа со епидемијата, порачаа дека главната грешка се прави кога недоволно се заштитува медицинскиот персонал.

На фотографиите од медицинските лица од Дебар, се гледа дека тие ни од далеку не се заштитени како нивните колеги од светот.

Особено е скандалозно што заболениот медицински персонал доаѓа од Дебар, кој е прогласен за кризно подрачје од корона вирусот. Како е можно доктори од кризно подрачје да не носат скафандери?

лидер

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Да бидеме хумани! Апел за помош на Сашо Лазаровски кој по вторпат се бори со рак

Сашо Лазаровски има потреба од нашата помош. Битолчанецот, кој еднаш го победи ракот на белите дробови, сега повторно води тешка борба со оваа опака...

Таравари: Ќе гo забраниме коцкањето и брзите кредити, идната Влада ќе ги покрива долговите на граѓаните од брзи кредити“, рече Таравари

Претседателскиот кандидат Арбен Таравари денеска оствари важна посета на градот Струга, каде се разговараше за различни прашања во заедницата, почнувајќи од здравствените работници до...

Давкова: Денес во Валандово се сретнав со мојот драг колега, Ѓорге Иванов.

Во пријатната атмосфера, денес, во неговиот роден град Валандово, се сретнав со мојот драг колега, Ѓорге Иванов. Имавме можност да поразговаравме за многу...

Нов пожар во објект кај Градскиот пазар во Охрид

Попладневно, избувна пожар во објект кај Градскиот пазар во Охрид. На терен интервенираат екипи на Територијалната противпожарна единица на град Охрид.