8.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаАд Макпетрол со вредна донација кон државата, со 3.200.000,00 милиони денари.

Ад Макпетрол со вредна донација кон државата, со 3.200.000,00 милиони денари.

Макпетрол АД со донација на соодветна медицинска опрема во вредност од 3.200.000,00 денари за Министерството за здравство

Почитувани,

Земајќи предвид дека нашата, како и повеќето земји во Европа и Светот, се соочува со последиците од пандемијата со новиот Корона вирус, „КОВИД-19“, Макпетрол АД како општествено одговорна компанија одлучи да донира соодветна медицинска опрема во вредност од 3.200.000,00 денари на Министерството за здравство на Република Северна Македонија.

Ова е време кога е потребна солидарност и поддршка. Во борбата против вирусот „КОВИД-19“ не можеме да се бориме како индивидуи, туку, заедно како општество.

Дополнително, уште еднаш сакаме да апелираме до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита донесени од Владата, Министерството за здравство, како и од Светската здравствена организација.

Останете дома и придонесете, заштитете се себеси и оние кои ги сакате!

Макпетрол АД е целосно подготвен и е на располагање за соработка со сите државни институции во борба против вирусот „КОВИД-19“.

Јавното здравје е заедничка одговорност!

Со почит,
Макпетрол АД

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанецот Давид Крстески е нашиот херој од последното Европско Таеквон-до ИТФ првенство освојувајќи бронзен медал во борби

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 15-ти до 22-ри април 2024, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое се одржа во Копер, Словенија. На ова...

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...