11.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаИ покрај тоа што Дебар е ставен во карантин, два угостителски објекти...

И покрај тоа што Дебар е ставен во карантин, два угостителски објекти си работеле.

Основното јавно обвинителство од Дебар до тамошниот суд поднесе казнен налог за две лица кои биле сопственици на локали и не се придржувале до забраната за работење во време на епидемија.

На обвинетите им се става на товар дека сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик“.

Имено, во текот на вчерашниот ден двајцата обвинети, сопственик на угостителски објект и сопственик на интернет клуб, не постапиле според определените прописи и упатства за сузбивање и спречување на заразна болест.

При контрола од страна на службени лица од ОВР-Дебар е утврдено дека иако во градот е прогласена кризна состојба, локалите на двете лица се отворени за да им пружат услуга на граѓаните.

Постапувајќи спротивно на мерките за спречување на внесување и ширење на корона вирусот, обвинетите го сториле кривичното дело што им се става на товар за што биле и приведени, а обвинителството побара изрекување на парична казна во висина од 10 до 100 дневни глоби.

Фокус

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...

19-годишник и малолетник завршиjа во полиција – Го прекршиле изборниот молк !!

Две лица од тетовско со лепење плакати за кандидат за претседател го прекршиле изборниот молк. Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово во 01.05...

Боки вечерва повторно ќе УДРИ?! -Најавува вклучување во живо !!!

Боки 13 во поткастот „Лазаров“ зборуваше и за основањето на Меѓународен сојуз, но и за „1ТВ“. Зборуваше за функционерите, пришто кои ги обвини, за...

Осудените за „27 април“ кон Русковска: Доаѓа денот, тек допрва ќе си одговараш за својата работа.

Дел од осудените за „27 април“ јавно ѝ порачаа на обвинителката Вилма Русковска дека доаѓа денот, алудирајќи на денот кога ќе одговара за својата...