21.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаСветПоради ширењето на коронавирусот, најголемите сали во Загреб и Софија се претвораат...

Поради ширењето на коронавирусот, најголемите сали во Загреб и Софија се претвораат во болници.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Најголемите концертно-спортски сали во Загреб и Софија се трансформираат во привремени болници, додека Хрватска и Бугарија очекуваат зголемување на бројката заразени со коронавирусот.

<

Загрепска „Арена“, која беше изградена за Светското првенство во ракомет во 2009 година, денеска почна да се претвора во мобилна болница за полесни случаи на КОВИД-19, при што војската во неа ќе постави 300 кревети.

„Ако бројката заразени почне нагло да расте, овој објект ќе послужи за да се растоварат болниците“, изјави шефот на загрепската Канцеларија за управување со кризи Павле Калиниќ.

Во Хрватска досега има 128 позитивни случаи и еден починат.

И „Арена Армеец“ во Софија се претвора во болница, објави премиерот Бојко Борисов на Фејсбук. Бугарија пред една недела прогласи вонредна состојба, а бројката заразени порасна на повеќе од 130.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...