11.9 C
Ohrid
вторник, април 16, 2024
ПочетнаМакедонија70 заболени од коронавирус, пациентката од Дебар е во критична состојба..

70 заболени од коронавирус, пациентката од Дебар е во критична состојба..

Бројот на заболени од КОВИД 19 се зголеми на 70. Жената од Дебар која е меѓу првите забоолени се наоѓа во критична состојба на инфективната клиника,и ставена е веќе подолго време на респираторна машина. Сите останати пациенти се во добра состојба а некои од нив одбираат да ја поминат болеста дома за што лекарите имаат направено посебен алгоритам.–изјави на денешната прес конференција Министерот за Здравство Венко Филипче.

Бабата на 4 годишното девојче од Штип за кое вчера беше утврдено дека било заболено од Ковид 19 е заразена со вирусот. Ќе се испитува и дали ова семјство ги почитувало мерките на владата и тоа како дошло до проширувањето на вирусот.

,,Очекувавме бројот да расте“ –изјави Филипче и кажа дека до сега се направени 888 тестирања а уште 1400 се на располагање од кои 300 можат да се употребат во секој момент. Во Скопје ќе профункционираат уште два пункта за пријавување и земање брис за тестирање од Ковид-19, тоа се поликлиниките во „Јане Сандански“ и „Чаир“ а ќе се закажува преку бројот за ,,Мој термин“.

Филипче уште еднаш ја нагласи потребата од заострување на мерките за кои повеќе ќе се дискутира на попладневната владина седница. „Самоизолацијата е спасот во оваа битка“, тврди Филипче.

Вонредната состојба прогласена од претседателот ни дава одврзани раце да бараме мерки со кои ќе се зајакнат механизмите за контрола особено таму каде што не функцинираат работите. И уште денеска ќе дискутираме за можностите.

Бројката за 12 денови се зголеми за 100 000 заболени, а три месеци беа потебни за првите 100 000 заболени. Последните 24 часа бројот е зголемен за 16 000 пациенти, говорат последните податоци на светската здравствена организација.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Да бидеме хумани! Апел за помош на Сашо Лазаровски кој по вторпат се бори со рак

Сашо Лазаровски има потреба од нашата помош. Битолчанецот, кој еднаш го победи ракот на белите дробови, сега повторно води тешка борба со оваа опака...

Таравари: Ќе гo забраниме коцкањето и брзите кредити, идната Влада ќе ги покрива долговите на граѓаните од брзи кредити“, рече Таравари

Претседателскиот кандидат Арбен Таравари денеска оствари важна посета на градот Струга, каде се разговараше за различни прашања во заедницата, почнувајќи од здравствените работници до...

Давкова: Денес во Валандово се сретнав со мојот драг колега, Ѓорге Иванов.

Во пријатната атмосфера, денес, во неговиот роден град Валандово, се сретнав со мојот драг колега, Ѓорге Иванов. Имавме можност да поразговаравме за многу...

Нов пожар во објект кај Градскиот пазар во Охрид

Попладневно, избувна пожар во објект кај Градскиот пазар во Охрид. На терен интервенираат екипи на Територијалната противпожарна единица на град Охрид.