24 C
Ohrid
сабота, септември 19, 2020
Почетна Македонија Дебарца ''Здравјето пред се''- Општина Дебрца изврши дезинфекција на јавните површини.

”Здравјето пред се”- Општина Дебрца изврши дезинфекција на јавните површини.

Translate (Eng):[gtranslate]

Согласно препораките за превенција од ширењето на Корона вирусот Ковид-19 денес екипите на ЈКП “Дебрца” Белчишта, со припомош на ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид презедоа превентивни активности за дезинфекција на јавните површини во дел од населените места во општина Дебрца ( Велмеј, Лешани, Злести, Белчишта, Ботун, Климештани, Мешеишта, Волино, Требеништа, Горенци и Оровник ).Фотографија на Зоран Ногачески - Градоначалник на Дебрца.

Со средство за дезинфекција беа третирани главните сообраќајници и плоштадите, односно јавни површини по кои се одвива редовен превоз на патници и каде што има поголема фрекфенција на движење.Фотографија на Зоран Ногачески - Градоначалник на Дебрца.

Во понеделник вакви превентивни активности ќе се преземат и во другите населени места.Фотографија на Зоран Ногачески - Градоначалник на Дебрца.

РЕКЛАМА

-Изразувам благодарност до екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ и Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески за помошта и соработката, а во интерес на заштита на здравјето на нашите граѓани. До граѓаните уште еднаш упатувам апел максимално да ги почитуваат препораките и мерките на Владата и Министерството за здравство и да постапуваат во согласност со истите. Јавното здравје е наша заедничка одговорност.Од нас зависи, апелира градоначалникот на Оптина Дебрца, Зоран Ногачески.

- Реклами -