4 C
Ohrid
понеделник, ноември 30, 2020
Почетна Македонија АРМ ја постави мобилната болница веднаш до инфективна клиника Скопје.

АРМ ја постави мобилната болница веднаш до инфективна клиника Скопје.

Translate (Eng):[gtranslate]

Армиските сили директно ќе бидат вклучени во поддршка на сите државни институции особено на полицијата, во борбата со корона вирусот. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска рече дека како приоритет ќе биде целосен надзор и контролата на граничната линија за да се спречат влегувања и излегувања на илегалните премини, а со полицијата ќе имаат и заеднички тимови каде што ќе биде потребно.

Заедно со полицијата, припадниците на АРМ ќе ги обезбедуваат и значајните државни објекти, како што се Собранието, Владата, и надворешната контрола на затворите. Во поддршка на подготовките се става на располагање и мобилната полската болница Роле 2 која ќе биде стационирана во близина на Инфективната болница каде што деновиве и се расчистуваше и се подготвуваше просторот.

Шекеринска рече дека досега седум сопственици на хотели ги понудиле објектите за карантинско сместување, а ќе бидат користени и одморалишта и други капацитети како што се тој во Демир Капија, потоа одморалишта, а доколку биде потребно и покрај критиките ќе биде користен и објектот Пепелиште на Криволак. Бројката на наши граѓани кои се очекува да се вратат од странство не е мала, но исто така и бројката на граѓани кои не ги почитуваат препораките и самоизолацијата не е мала и поради тоа потребни се засилени мерки, рече Шекеринска.

РЕКЛАМА
- Реклами -