10.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаДо денес поднесени СЕДУМДЕСЕТ И СЕДУМ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ВЛАДИНИТЕ...

До денес поднесени СЕДУМДЕСЕТ И СЕДУМ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ВЛАДИНИТЕ МЕРКИ ЗА КОРОНАВИРУСОТ

Од започнувањето на примената на мерките и препораките на Владата на РСМ заклучно со денеска (22.03.), министерството за внатрешни работи поднесе вкупно 77 кривични пријави, а по основ на член 206 и член 205 од КЗ на РСМ, при што треба да се има предвид фактот дека во дел од вкупно поднесените кривични пријави се застапени и двата члена од Кривичниот закон – “пренесување заразна болест“ (чл.205) и “непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ (чл.206), информира Министерството за внатрешни работи.

„Исто така, до надлежните ОЈО доставени се пет посебни извештаи, а изречени се и десет прекршочни мерки по основ на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир. Покрај овие активности МВР, односно Секторите за внатрешни работи при министерството постапуваат и по однос на 604 поднесени решенија за изолација, како и 6.662 изјави за самоизолација на наши граѓани. Притоа при извршените контроли по основ на решенија за изолација утврдени се пет непочитувања на решенијата, додека пак по основ на изјавите, т.е. наредбите за самоизолација утврдени се непочитувања на самоизолацијата во 105 случаи“, велат од МВР.

Во врска со контролата на објектите на територијата на целата држава, од Министерството информираат дека полициските службеници во соработка со другите надлежни институции направиле вкупно 1.357 контроли врз угостителски и други објекти, во 17 случаи констатирано е непочитување на мерките а во шест случаи поднесени се кривични пријави по член 206 од КЗ на РСМ.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...