21.9 C
Ohrid
четврток, септември 12, 2024
ПочетнаМакедонијаСОНК- Не се согласуваме со предлогот да се намалат платите на администрацијата

СОНК- Не се согласуваме со предлогот да се намалат платите на администрацијата

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура со особено внимание и голема загриженост ги следи состојбите во нашата држава предизвикана од Корона вирусот. Загриженоста се темели на неколку полиња, соопшти Синдикатот.

„Просветните, научните и културните работници со голема загриженост ги следат информациите за ширењето на вирусот во Македонија и препораките на владата за примена на мерки, со што би се намалил ризикот за инфицирање од овој смртоносен вирус. Од таа причина и ние како Синдикат апелираме доследно да се почитуваат препораките на надлежните, со цел што е можно повеќе да се заштитиме и да придонесеме  за спречување на ширењето на оваа пандемија.

И ние  се приклучуваме на препораката: СЕДЕТЕ ДОМА, со минимални  излегувања во животната средина.

Приоритет на сите нас е животот и здравјето на луѓето, за  што секој од нас има и лична одговорност. Но, во време на редуцирано и ограничено движење, ограничено реализирање на работните обврски, особено во стопанството,  се наметнува и економска криза, предизвикана од неможноста стопанството да работи со полн капацитет. Ние сме свесни дека даноците што ги плаќаат стопанството и граѓаните го полнат буџетот на државата и јавниот сектор од тие средства зема плата. Во вакви околности, се наметнува стравот на нашите членови за сигурноста на нивната заработувачка

Прес-конференција на лидерот на СДСМ, господинот Зоран Заев, со изнесување на  предлог – мерки за намалување на економската криза и помагање на стопанството, конкретно, за намалување на платите во јавниот сектор за повеќе од 50%, во нашето членство предизвика големо незадоволство, загриженост, несогласување, немир, страв за сопствената егзистенција, егзистенцијата на сопственото семејство. СОНК смета дека оваа мерка е премногу радикална и дека голем дел од вработените ќе ги доведе до работ на егзистенцијата.

Ова не сакаме да звучи егоистички, меѓутоа, сметаме дека предложените мерки директно ќе удрат врз работниците, што реално се и најмалку платени во државата. Особено реакциите се жестоки од страна на просветните работници, кои, во интерес на учениците, индиректно и на државата, вложуваат надчовечки напори преку алтернативни форми и методи, во домашни услови, да ја реализираат планираната програма.

 

СОНК е убеден дека постојат и други решенија за надминување на економската криза, решенија кои директно и радикално нема да се манифестираат врз работниците во јавниот сектор.  За таа цел, бараме, предлогот упатен до владата за намалување на платите до висината на минималната плата, односно до 14.500 денари, да се повлече.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина Илија Андонов Ченто, син на Методија Андонов Ченто

На 92 години почина Илија Андонов- Ченто, син на Методија Андонов- Ченто и министер во првата Влада на Република Македонија по нејзиното осамостојување. Илија Андонов...

На нива во општина Врапчиште експлодирала рачна бомба, едно лице повредено

На 11.09.2024 во 12.05 часот во СВР Тетово било пријавено дека околу 11.50 часот во атар на с.Неготино, општина Врапчиште, додека бил во нива...

Ученици останаа без превоз, ЈСП нема пари за регистрација и ја исклучи линијата со број 33

Јавното сообраќајно претпријатие пред неколку дена ја исклучи приградската линијата со број 33 која е единствена што директно го поврзува Долно Лисиче со општина...

121 година на Аргир Маринчев и неговите востаници,Традиционален марш до вечниот дом

Стојанов и други кои не можеле да се спротистават на 3000 турски аскер во одмазничкиот налет предводени од Бахтијард-паша. Масакрот траел 15 часа а...