8.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаВо Македонија има над 8.000 граѓани кои се во карантин.

Во Македонија има над 8.000 граѓани кои се во карантин.

Секојдневно бројот на заболени во Македонија расте, за жал денес го имавме и вториот смртен случај, пикот на заболени се очекува да се зголеми за една недела како што изјавиа од министерсво за здравство. Моменталната бројка на луѓе кои се во карантин е над 8.000 за кои до прва ќе се знае кои се позитивни а кои не.

Министерството за здравство исто така не информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (15), Дебар (4), Куманово (2) и Охрид (1).

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 136, од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
– Скопје (81) – од кои едно лице е од Богданци, а живее во Скопје
– Дебар (40) – од кои 1 починат
– Штип (7)
– Куманово (3) – од кои 1 починат
– Кавадарци (2)
– Охрид (2) – од кои 1 лице е од Скопје а е во иозлација во Охрид
– Гостивар (1).

Mаж на 63 годишна возраст од Дебар, е вториот смртен случај од коронавирус во Македонија. Претходно од Министерството информираа дека кај него синоќа дошло до нагло влошување на состојбата.

-Пациентот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби на 17 март, без покачена температура, но со наод на белите дробови и бил зависен од кислород. Во текот на ноќта нагло се влошува неговата состојба, веднаш е интубиран, ставен на респираторна машина, но во неколку часа неговата состојба дополнително се влошила и пациентот починал. Пациентот немал позната историја на коморбидитет, соопштија од Министерството за здравство.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...