0.6 C
Ohrid
вторник, декември 1, 2020
Почетна Македонија Угостителите: Доколку не ни помогне државата ќе ги одјавиме сите вработени од...

Угостителите: Доколку не ни помогне државата ќе ги одјавиме сите вработени од работа.

Translate (Eng):[gtranslate]

Државата да каже дали предвидува поддршка за угостителите. Ако не, тие навреме да бараат помош преку други мерки, за да не останат без никаков приход, апелира денеска Групацијата за угостителство при Сојузот на стопански комори.

Групацијата предупреди дека угостителите не можат сами да го издржат економскиот удар од коронавирусот и дека најверојатно голем дел од вработените ќе бидат одјавени и ќе останат без работа заклучно со 31 март. Со тоа, директно ќе биде доведена во прашање егзистенцијата на 29.000 луѓе колку што се вработени во оваа гранка, а дополнително проблемите ќе ги почувствуваат и нивните семејства

Мерките кои се веќе предложени, не ги решаваат нивните проблеми и не само што нема да им помогнат да ги надминат финансиските проблеми, туку и дополнително ќе ги задолжат. Според Мартин Ангеловски од Групацијата, предложениот пакет мерки ќе стапи во сила од април, а угостителите веќе преку половина месец се без приходи.

РЕКЛАМА

Угостителите предлагаат конкретни решенија: субвенционирање на минимална бруто плата за вработените додека траат превентивните мерки, одложување на наплатата на даночни обврски и аконтации во наредните шест месеци, замрзнување и репрограм на обврските по кредити и камати како и други доспеани обврски кон банките до завршување на кризата, да профункционира итно и без одложување отворањето на кредитните линии со субвенционирана камата, да не се применува Законот за финансиска дисциплина во наредните три до пет месеци, да има одложено плаќање на сите режиски трошоци до завршување на пандемијата, да нема исклучувања поради неплаќање вода, струја и други основни услуги, како и да не се наплаќа персонален данок и ДДВ за кириите.

– Малите и средните претпријатија до 50 вработени, семејните компании и претприемачите се најпогодени од новите состојби предизвикани од Ковид-19. Субјектите со претежна дејност угостителство ставија клуч на врата по донесената уредба од Владата за затворање како резултат на опасноста од ширење на вирусната инфекција. Здравјето на граѓаните е најважно, но не смее да се дозволи да пропадне оваа дејност и луѓето вработени во овој сектор сред здравствена криза да останат без никаков приход за да се прехранат, истакна Анегловски.

Секој изминат ден, дополни тој, е трошок кој угостителите не можат да си го дозволат од сопствени извори на финансирање.

– Овие субјекти се микро и мали, а поради Уредбата имаме нула приходи во дејноста, па не можеме да ги покриеме трошоците. Повеќето од нас користат кредити од комерцијалните банки за кои се уште нема одлука за мораториум како во другите држави. Би биле презадоволни доколку за нашата дејнот може да се изнајде начин да се донесат конкретни мерки кои ќе нѐ одржат во живот, рече Ангеловски на прес-конференција, рече АНгеловски.

Тој напомена и дека сите здруженија на угостители низ градовите во земјава се во иста позиција. Покрај заканата од коронавирусот, тие се под дирекна закана и во борба за зачувување на работните места, како за да не пропаднат овие мали претпријатија.

– Консултиравме повеќе од 1.000 угостителски објекти зашто не сме во можност да ја издржиме состојбава без адекватни мерки на Владата и банките. Целта на мерките за помош што ги предлагаме не е за спас на изгубени добивки, туку да се успее да се преживее оваа агонија на неизвесност и на штети настанати од оваа светска пандемија, која секој ден се повеќе врши притисок да се затворат овие деловни субјекти и да останеме без работа, истакна Ангеловски.

- Реклами -