13.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаДвајца Македонци од Мокриево, убиени во Швајцарија од селанец.

Двајца Македонци од Мокриево, убиени во Швајцарија од селанец.

Татко и син од Мокриево, според неофицијални податоци се убиени на 24.03.2020 од страна на швајцарски селанец во кантонот Вауд.

Според информациите на струмичката телевизија Канал Вис денес швајцарската полиција со помош на кучиња трагачи ги има откриено труповите на лицата Н.К и Д.К, потрупани со арско ѓубре од сторителот. Тие биле пријавени за исчезнати откако некое време не можело да се воспостави никаков контакт со нив.

Имено Н.К и Д.К откупувале стари земјоделски алати / трактори, и со убиецот биле пазарени за тракторот од 25.000 илјади швајцарски франци. Едниот дел од парите како капар му биле дадени.

Но, по неколку дена сторителот на двократното убиство им се јавил и им рекол дека се предомислува за продажба на тракторот. Таткото и синот уште истиот ден отишле да си го земат капарот, но швајцарскиот селанец наместо да им ги врати парите ги убил.

Според тамошните медиуми 30 годишниот Швајцарец го признал делото, но следува истрага што ќе ги открие деталите.

На групата „Македонци во Швајцарија“, веќе се споделуваат пораки со сочуство до семејството.

Извор: ТВ Канал Вис

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...