5.6 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаЗабаваУпатства од Кина за дезинфекција и чистење на домот

Упатства од Кина за дезинфекција и чистење на домот

Србинката Јована Радовиќ живее во Пекинг и 47 дена биле во карантин. Ова е нејзиниот текст објавен на социјалните мрежи за тоа како најдобро да го заштитите домот и семејството – совет од надлежните институции во Кина.

upatstva-od-kina-za-dezinfekcija-i-cistenje-na-domot-01.jpg

1. Дезинфекција на обувките: средство за дезинфекција на база на хлор и вода, ставено во шише со распрскувач. Ова ни стои на влезната врата и ги прскаме чевлите пред да влеземе во домот.

2. Дезинфекција на облеката: јакните со кои одиме надвор ги чуваме исклучиво на тераса, по потреба ги прскаме со алкохол. Бидејќи се движиме само низ населбата каде нема заразени во домет од 2km, прскањето не е потребно, но нема штета. Останатите алишта ги перам исто како и секогаш, само со продолжено перење.

3. Дезинфекција за нас: Во Кина, маските беа задолжителни уште од почетокот на епидемијата. Надвор стоиме и се движиме на растојание, маската не ја допираме, лицето и очите никако.

4. Кога се враќаме од надвор: пред вратата ја прскаме облеката, влегуваме, ја соблекуваме јакната, миеме раце, носиме јакна на тераса, миеме раце, ја вадиме маската без да го допреме предниот дел, повторно ги миеме рацете и со алкохол ги бришеме клучевите и телефонот.

upatstva-od-kina-za-dezinfekcija-i-cistenje-na-domot-02.jpg

5. Купеното овошје и зеленчук кое се јаде свежо, прво го киснеме во раствор од сода бикарбона и оцет. Другото се готви добро и не јадеме меко варени јајца.

6. За чистење на домот исто користиме средство на база на хлор затоа што имаме плочки и ламинат, немаме теписи. Работните површини ги бришеме со алкохол, кујнската даска ја миеме редовно и добро и користиме различни даски за месо и зеленчук.

Можеби ви звучи комплицирано, но воопшто не е тешко. Кога ќе си го фатите редот, ќе ви биде како будење, миење и пиење кафе.

Е. П. | Црнобело 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...