13.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаГруевски: Искрено се радувам Македонија што влезе во Нато и доби датум...

Груевски: Искрено се радувам Македонија што влезе во Нато и доби датум за преговори со ЕУ.

Честитки за граѓаните на Македонија за членството во НАТО и одлуката за почеток на преговори за членство во ЕУ. И двете се децениска волја, работа и стремеж на мнозинството граѓани на Македонија и на сите поголеми политички партии. Одамна ги заслуживме, неправедно ни беа ускратени и ова е одлично за Македонија. Ќе помогне многу во иднина. Таму ни е местото.
Не толку пандемијата од вирусот, туку начинот на кој беше решена последната препрека создадена од некои наши соседи и последиците од тоа, остава голема горчина заради која, за жал, многу наши граѓани со мешани чувства ја примаат оваа вест, наместо со полна радост и прославувајќи.

Но, за тоа многупати сум се изјаснил…
За жал, овие добри вести дојдоа во историски тешко време, кога со право постои голема загриженост за здравјето и животите кај граѓаните. Но, светот и Македонија како дел од него ќе го помине и ова. Борбата и истовремено умешноста, е тоа да биде со помалку жртви и штети кои се закануваат да бидат огромни на ниво а можеби и полоши од големата светска криза во 1929 година. И во развиените земји а уште повеќе во Македонија, доцни масовното тестирање. Голем проблем! Чувајте го здравјето и внимавајте на себе.

Напиша Груевски на својот фејзбук профил.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...