11.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаЖената која почина денес од корона, не ја примале во Охридската болница.

Жената која почина денес од корона, не ја примале во Охридската болница.

Не ја примале на инфективното одделение во охридската болница иако имала симтоми на Корона вирус. Резултатите од тестот и биле позитивни ги добила вчера, но рано утрово состојбата уште повеќе и се влошила и починала. Четврта жртва на корона 19, е 66 годишна жена од околината на Струга која почина под сомнителни околности. Според Министерството за здравство семејството на починатата жена на 13 март односно пред прогласувањето на кризната состојба било на гости во Дебар и имале контакт со еден од таму заболените доктори. Откако дознале дека тој е позитивен на коронавирус, семејството било во домашна самоизолација. Подоцна се појавиле и први симтоми па преку матичниот лекар и е закажано тестирање на 24 март. Брис и е земен два дена подоцна на 26, а резултатите пристигнале после еден ден односно вчера велат од министерството.

Заради нагло влошената состојба на пациентката, матичниот лекар уште веднаш препорачал хоспитализација на Инфективното одделение во охридската болница, но до добивањето на резултатите вчера, пациентката не е примена во болница. Заради ова, Министерството најавува целосно ревизија на случајот за да се утврди дали има лекарски пропуст во овој случај.

Телма разговараше со диекторката на болницата во Охрид, славица малевска која не беше запознаена со случајот. Побара време да разговара со докторите од инфективната клиника за да се утврди дали навистина и покрај тоа што требало да биде хоспитализирана, жената не ја примиле в болница. Министерот Венко Филипче денеска пак за прв пат одткако започна корона кризата нема да ја одржи редовната прес конференција. Од министерството во соопштението уште напишале дека жената имала и срцева болест, хронична белодробна болест и покачен крвен притисок. Инаку таа е една од 22 нови случаи регистрирани во текот на минатото денонокие на ниво на цела земја.

Пишува: Телма

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

19-годишник и малолетник завршиjа во полиција – Го прекршиле изборниот молк !!

Две лица од тетовско со лепење плакати за кандидат за претседател го прекршиле изборниот молк. Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово во 01.05...

Боки вечерва повторно ќе УДРИ?! -Најавува вклучување во живо !!!

Боки 13 во поткастот „Лазаров“ зборуваше и за основањето на Меѓународен сојуз, но и за „1ТВ“. Зборуваше за функционерите, пришто кои ги обвини, за...

Осудените за „27 април“ кон Русковска: Доаѓа денот, тек допрва ќе си одговараш за својата работа.

Дел од осудените за „27 април“ јавно ѝ порачаа на обвинителката Вилма Русковска дека доаѓа денот, алудирајќи на денот кога ќе одговара за својата...

Марко Новески стана татко на близнаци: „Ти благодарам Цена што ми го оствари најголемиот сон“

„Добредојдовте Вања и Веда“ – напиша водителот Марко Новески до фотографијата од новородените близначиња кои ги доби со својата сопруга. Во август 2021, Марко Новески,...