11.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаПристигаат и други жалби за Инфективната болница во Охрид: Пациенкта со пнеумонија...

Пристигаат и други жалби за Инфективната болница во Охрид: Пациенкта со пнеумонија не сакале да ја прегледаат.

Писмо до VOX Struga, од тимот на Итна Медицинска Помош – Лабуништа

ТРИ ЧАСОВНА ГОЛГОТА НА ТИМОТ ЗА ИТНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ – ЛАБУНИШТА!

Дежурниот инфектолог без преглед на пациентката, постави индикација за транспорт во Клиника за Инфективни болести -Скопје поради неодржан сомнеж дека пациентката доага од подрачје сомнително за коронавирус (Лабуништа)

Три часовна голгота на тимот за Итна Медицинска Помош-Лабуништа на Одделот за Инфективни болести –Охрид.
За време на преглед направен од страна на докторката на ИМП кај пациентка со веќе констатирана билатерална пнеумонија и лечена до тој момент ,се постави индикација за транспорт поради влошување на состојбата ,отежнато дишење и потреба од кислородна подршка.Транспортот започна во 27.03.2020/19:30ч,согласно Протоколот за пружање на прва медицинска помош, пациентката беше транспортирана до Интерно Одделение во склоп на Општа болница –Струга каде беше соодветно примена и е извршен интернистички преглед .Согласно протоколот за справување со епидемија, беше побарано мислење од страна на инфектолог како и понатамошен третман. За време на таканаречениот прием во Одделот за Инфективни болести –Охрид 27.03.2020/20:26ч,документите беа предадени преку малечко прозорче веднаш до влезната врата која воедно беше и затворена, реферирана е состојбата на пациентката како и податокот дека веке е земен брис (по барање на Спец. Д-р Аладин Демишоски) и дека резултатот е во исчекување. Дежурниот инфектолог без преглед на пациентката, постави индикација за транспорт во Клиника за Инфективни болести -Скопје поради неодржан сомнеж дека пациентката доага од подрачје сомнително за коронавирус (Лабуништа). Извештајот го чекавме повеке од 1 час,покрај кој беше пишан и упат до Клиника за Инфективни болести-Скопје(секој транспорт надвор од територијата на Струга-Охрид е надвор од нашата надлежност). По барање на докторката на ИМП-Лабуништа да се внимава на зборовите кои се изговараат за време на оваа примопредаја на документи, дојде до реакции од страна на помошниот персонал и одговорната докторка од одделот за Инфективни болести- Охрид со исмевање на нашиот тим и местото од кое доагаме, на кое што фамилијата на пациентката одговори со бурни реакции поради упатената навреда. Пациентката која за време на оваа 3 часовна голгота беше во комбе со цел да ја заштитиме од изложеност на ниските температури, не беше воопшто прегледана од страна на инфектологот,која покажа тотално игнорантен однос, не се направи апсолутно никаков прием, не беше измерена никаква температура,нити тензија. Добивме само упат до Скопските клиники.Тимот на нашата служба се обиде да се договори, на пациентката да и се даде кислород барем ноќта додека се добијат резултатите од брисот ,поради фактот што нашите резерви беа истрошени за време на транспортот, на што не добивме одговор освен затворање на прозорчето пред нос. Повторно во обид да се постигне договор,наводно беше консултирана Директорката на Одделот за Инфективни болести –Охрид од страна на дежурниот инфектолог која одби транспорт на пациентката.После 3 поминати часа пред вратите на Одделот за Инфективни болести –Охрид , ИМП-Лабуништа во склоп на Здравствен дом Вевчани со цел да пациентката добие соодветен и брз третман, во договор со Директорот на Здравствен дом-Вевчани Јован Стојковски, одлучивме да пациентката се транспортира до Клиника за Инфективни болести-Скопје со наше возило ,наша опрема и терапија.Се јавивме во нашата матична служба, направивме промена со посоодветно возило , опремено, како и промена на празните боци со кислород со нови и поголеми, со цел пациентката во тек на три часовниот транспортот да е на кислородна подршка. Приемот во Скопје (28.03.2020/02:45ч) беше професионален со комплетен преглед , на наше изненадување после долгата нок, направен од страна на Спец. Д-р Марија Димзова. За време на овој транспорт подрачје од околу 20.000 граѓани беше оставено без тим за Итна Медицинска Помош, бидекји службите одговорни за вакви транспорти не одговорија на повикот.Се извинуваме на граѓаните на с.Лабуништа,Подгорци,Боровец,Јабланица,Маруништа поради неможност да добиете преглед од страна на нашиот тим.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...