19 C
Ohrid
среда, септември 23, 2020
Почетна Македонија Филипче: Знам дека народот се сомнева и мисли дека криеме нешто во...

Филипче: Знам дека народот се сомнева и мисли дека криеме нешто во врска со бројот на заболени, но не криееме ништо.

Translate (Eng):[gtranslate]

Не треба да има никаков сомнеж во бројките за заразени, не криеме апсолутно ништо и тие се податоците кои се испраќаат во Светската здравствена органзација, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.

-Во овој момент е добро што имаме линеарно зголемување на бројот на случаите, приближно ист број секој ден, а не експоненцијално, но ние сме спремни да прифатиме и да третираме пациенти дури и да има раст. Целосно се мобилизирани здравствените работници, спремни се капацитетите. Имаме и излекувани пациенти и сме целосно во ситуација да се амортизира приемот на пациенти. Терапијата е веќе аплицирана кај пациенти кај кои е индицирана согласно анализите од нивното ЕКГ. Сосема добро стручно се справуваат колегите во сите јавно здравствени институции. На Инфективната клиника во моментов се третирани 41 пациент, а седумина се во потешка состојба но не им е потребна помош од респиратор, но не се на респиратор, 27 се со средно-тешки симптоми и 7 се со поблаги симптоми. Стабилна е и состојбата на пациентите во Штип. Од Центатор за рехабилиација во Козле, каде беше заразениот од Тетово се замени уште 18 теста па по направените тестови ќе се одреди како ќе работи Центарот. Заболениот на Клиниката за кардиологија добил симптоми на рабтното место, тој бил во резерва. Ова е случка во делот на ангиосалата каде нема лежечки пациенти туку пациенти доаѓаат само за интевервенција на срцето. Во тој дел лекарите во однос на контактот кон пациентите се целосно заштитени заради тоа што таква е технологијата на работа. Но, доколку се установи дека некој се појавил на работа свесен дека и претходно има симптоми ќе следат најстроги санкции, рече Филипче.

РЕКЛАМА
- Реклами -