8.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаСветНовак Ѓоковиќ ќе ја спасува Србија: 1 милион евра за респиратори од...

Новак Ѓоковиќ ќе ја спасува Србија: 1 милион евра за респиратори од големиот Ноле.

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ, заедно со сопругата Јелена и фамилијата, одлучи да донира милион евра за купување на респиратори и медицинска опрема за лечење на заразените од коронавирус во Србија.

Новак и Јелена ваквиот хуман потег го објавија во видео разговор со новинарите на српските медиуми.

„Голема благодарност, голем поздрав до сите медицински работници кои со месеци ширум светот, особено во Србија се борат и се обидуваат да им помогнат на луѓето кои се инфицирани со коронавирус.

За жал, бројот на луѓе расте па во согласност со целото мое семејство, јас и Јелена овие недели собираме информации и утврдивме кој е најдобриот начин за да ги донираме нашите ресурси за да помогнеме за здравјето на луѓето ширум Србија“, велат Новак и Јелена.

„Би сакал да им се заблагодарам на властите во Србија кои во последните неколку дена ни излегоа во пресрет. Ние ќе донираме еден милион евра за купување на респиратори и дополнителна медицинска опрема.

Ни помогна чичко Горан кој има влијание во Кина, па ни помогна да стигнеме директно до производите“, соопшти Новак Ѓоковиќ.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанецот Давид Крстески е нашиот херој од последното Европско Таеквон-до ИТФ првенство освојувајќи бронзен медал во борби

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 15-ти до 22-ри април 2024, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое се одржа во Копер, Словенија. На ова...

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...