11.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаUncategorized @mkАрмијата започна со подготовките на монтажната маневарската болница пред Инфективната клиника.

Армијата започна со подготовките на монтажната маневарската болница пред Инфективната клиника.

Армијата на Република Македонија привршува со монтирањето на лесната маневарска болница која од утре ќе биде подготвена за ентериерна функционалност, соопштуваат од АРМ.

Станува збор за теренска болница по пневматско шаторски систем и истата во конкретниот случај има за цел и задача да помогне во дел од работата на медицинскиот персонал и медицинскиот третман околу згрижување и третман на пациенти, како и во делот на сместувачките капацитети – болнички кревети.Фотографија на Армија на Република Северна Македонија.

-Армиските капацитети ги ставаме во служба за справување со последиците од Ковид-19.

Припадниците од воено медицинскиот центар со најголема стручност, брзина и придржување кон неопходните постапки ја транспортираа, ја поставија подлогата и ја монтираат лесната маневарска полска болница РОЛЕ-2, која веќе од утрешниот ден ќе биде подготвена за ентериерна функционалност, велат од АРМ.

Фотографија на Армија на Република Северна Македонија.
Монтажните модули можат да се комбинираат и да се поврзуваат во ширина и должина можат да бидат со единечни, минливи или неминливи соби, и со тој концепт капацитетот може да се зголеми од дополнителни 40 до 130 болнички кревети.

Со ова директно се штити клиниката од преоптовареност, а се дава можност на медицинскиот персонал соодветно да ги распореди сопствените ресурси во борбата за превенција и заштита на населението од Коронавирус COVID-19.Фотографија на Армија на Република Северна Македонија.
lider

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...