14.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаГрадоначалникот на Вевчани трогнат од битката за Ковид-19 донирал прскалка.

Градоначалникот на Вевчани трогнат од битката за Ковид-19 донирал прскалка.

Градоначалникот на Вевчани од СДСМ, Сашо Јанкоски, на својот профил на Фејсбук се
пофали со сопствена донација во борбата со коронавирусот – батериска прскалка.
„Почитувани,
Трогнат од моментот гледајќи како екипата на итна помош се справува со вирусот Ковид 19, одлучив да дадам скромен допринос во истата битка. На “ЈЗУ др- Светозар
Чочороски”, симболично им донирав батериска пумпа за дезинфекција на персоналот и
возилата. За таа намена направија посебна просторија за дезинфицирање. Ги повикувам сите добронамерни бизнисмени и жители на Вевчани, секој во рамките на своите можности да донира на оваа здравствена установа која е на првата борбена линија со оваа пандемија!
Одважете се и наместо да пишувате како и што треба да се прави – донирајте. Овааекипа најдобро знае што треба и како тоа се прави. За какви средства консултирајте се со менаџментот на истата.
Да го сочуваме јавното здравство!“, порача „градскиот татко“ на Вевчани во објавата
проследена со осум фотографии од примопредавањето на донацијата.
Батериска прскалка како таа донирана од Јанкоски чини меѓу 1.700 и 1.900 денари.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На 20% пребројани гласови – Гордана 44,71%, Стево 19,09%

На 20% на ниво на Македонија, пребројаните гласови се вака: Гордана Сиљановска Давкова 64.929 44.71% Стево Пендаровски 27.728 19.09% Бујар ОСмани 18.896 13% Арбен Таравари 12.916 8.5% Максим...

На 5% обработени на ниво на Македонија: ВМРО ДПМНЕ води со двојна разлика !!!

На 5% обработени на ниво на Македонија: Гордана 7.782 Бујар 3.428 Стево 3.402 Арбен 1.906 Максим 1.384 Билјана 916 Стевчо 131

Дијаспората гласаше: Силјановска-Давкова со двојно повеќе гласови од Пендаровски

Според податоците од Дипломатско конзуларните претставништва, без САД и Канада, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова на седмите Претседателски избори има освоено 359 гласови од...

Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт!

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт! Јас никогаш не агитирам за себе, граѓаните знаат за кого да гласаат, знаат да си го...