4.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаХотелот „Дрим“ во центарот на Струга е новиот државен карантин

Хотелот „Дрим“ во центарот на Струга е новиот државен карантин

После првите пет случаи на корона вирус во струшко од кои еден со смртен исход во Горно Татеши, кризниот штаб најави изолација на селата.

На вчерашнешниот состанок на Координативниот совет се бара да се изолираат селата каде има заразени со Ковид 19, а истовремено да се тестираат нивните жители. Се најавува и прекин на сите редовни линии на патнички превоз во општина Струга.

Една од превентивните мерки е и список со имиња на сите лица со кои биле во контакт со позитивните на вирусот, истите да се тестират и да останат во самоизолација и под надзор на лекарите.

Хотелот „Дрим“ во центарот на Струга е новиот државен карантин. Во него од синоќа се сместени првите македонски граѓани кои пристигнаа од Бон.

Сите работници, кои работат во јавните претпријатија на Општина Струга, а се жители на селата каде има заболени со корона вирус , се ослободуваат од работа со што нивните работни обврски ќе ги вршат од дома.

Како уште една превентивна мерка Кризниот штаб за утре најави затворање на Зелениот пазар во градот.

Новинар Соња Рилковска

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...

Ковачевски најавува победа со над 61 пратеници на парлементарните избори

СДСМ и Коалицијата за европска иднина ќе добијат голема поддршка од граѓаните и ќе ја формираме новата Влада која најдоцна до 2030 година ќе...

Да беше жив, денес ќе славеше 73 години !!

Ќе наполнеше 73 години Роден на 19 Април 1951та во Скопје! Беше еден од најкреативните, најталентираните и најшармантните актери во Македонија! Беше еден од ретките,...