8 C
Ohrid
вторник, ноември 24, 2020
Почетна Свет Пеколни 6 часа во Њујорк: На секои 2,9 минути умирал пациент со...

Пеколни 6 часа во Њујорк: На секои 2,9 минути умирал пациент со коронавирус

Translate (Eng):[gtranslate]

Бројот на смртни случаи меѓу заразените со Ковид-19 во Њујорк во понеделникот попладне се искачи на 914 за шест пеколни часа во кои починале 124 луѓе, односно по еден на секои 2,9 минути, пренесува „Њујорк пост“.

Во соопштението од Градското собрание во 10:30 часот изутрината, во петте квартови на градот биле забележани 36.221 потврдени случаи на зараза, со 790 потврдени смртни случаи. Но, до 16:30 часот бројот на случаи достигнал 38.087, а бројот на смртните случаи експлодирал до 914.

Од повеќе од 38.000 случаи, 7.741 пациенти или околу 20 отсто биле хоспитализирани, покажува статистиката.

РЕКЛАМА

Квинс останува најтешко погодениот дел од градот со 12.756 случаи или нешто повеќе од една третина од вкупниот број случаи. На второто место е Бруклин со 10.171 случаи (27 отсто), по што следат Бронкс (6,925; 18 отсто), Менхетен (6.060; 16 отсто) и Статен Ајленд (2.140; шест отсто).

Ужасниот скок во понеделникот уследи по сличен период во неделата во кој беа регистрирани 98 смртни случаи.

За време на брифингот во понеделникот, гувернерот Ендрју Куомо извести дека државата како целина била погодена со 66.497 потврдени случаи со Ковид-19, и 1.218 смртни случаи.

 

 

 

 

- Реклами -