10 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаЗабаваВладата ја укина давачката за регистрација на автомобилите!!!

Владата ја укина давачката за регистрација на автомобилите!!!

Она што скоро сите медиуми пропуштија да го пренесат е новата мерка на владата за справување со Ковид-19 вирусот со која како економска мерка се укинува давачката за регистрација на автомобилите!

 

Поради зголемен број на случаеви со Корона вирусот во Македонија, владата воведува нова мерка за заштитата од вирусот на повисоко ниво. Владата на денешната 31. седница го разгледа барањето на Министерството за транспорт и врски во кое се бараше да бидат укинати сите давачки кои се на терет на граѓаните и позитивно се произнесе по ова прашање.

 

Владата им препорача на единиците на локалната самоуправа, сите станици за технички преглед, а воедно и ја извести сообраќајната полиција дека во периодот кој следува автомобилите ќе бидат ослободени од годишната регистрација.

 

Донесена е уредбата со која се утврдува како Владата ќе може во текот на вонредната состојба на граѓаните да им понудат повеќе поволности со коишто ќе им го олеснат финансискиот товар за време на корона-кризата, соопштија Владата и Министерството за транспорт и врски. Целта е олеснување на финансискиот товар на граѓаните коишто поради корона-кризата се соочуваат или би можело да се соочат со реални потешкотии во финансиската ликвидност. Со оваа мерка во целост ќе ги ослободиме сопствениците на автомобилите од давачките кон државата. – стои во соопштението на Владата.

Мерката ќе важи се додека на сила е вонредната состојба во државава.

 

За крај и за жал не заборавајте дека денеска е 1-ви април, денот на шегата.

 

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...