11.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаСветПутин испрати неколку тони медицинска опрема за Америка.

Путин испрати неколку тони медицинска опрема за Америка.

Руски воен транспортен авион тргна денеска кон Соединетите Американски Држави, носејќи тони медицинска опрема и маски.

Тие ќе му помогнат на Вашингтон во борба против коронавирусот, соопштија руската државна телевизија и американски претстваник.

Рускиот претседател Владимир Путин му понуди помош на американскиот колега Доналд Трамп во телефонски разговор во понеделникот, кога двајцата лидери разговараа за тоа како најдобро да одговорат на пандемијата.

Авионот во организација на руското Министерство за одбрана полета изутрината од аеродром недалеку од Москва.

Ова најверојатно ќе биде непопуларно кај критичарите на Трамп кои го повикаа да се држи подалеку од Путин и кои тврдат оти Москва ја користи оваа помош за геополитички и пропаганден алат за зголемување на своето влијание, што Кремљ го негира.

-Трамп се заблагодари прифаќајќи ја оваа хуманитарна помош, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...