6.4 C
Ohrid
сабота, декември 5, 2020
Почетна Македонија Хелсиншкиот комитет апелира до медиумите и до граѓаните да се избрише видеото...

Хелсиншкиот комитет апелира до медиумите и до граѓаните да се избрише видеото од тепаната девојка.

Translate (Eng):[gtranslate]

Хелсиншкиот комитет за човекови прави испрати апел до медиумите и граѓаните да го отстранат видеото со вознемирувачка содржина на кое се гледа како двајца насилници малтретираат девојка. Овој апел е во интерес и заштита на оштетената девојка. По објавеното видео и овој настан, двете лица беа веднаш приведени и Обвинителството отвори постапка против нив.

„Апелираме до медиумите и граѓаните да го отстранат видеото од насилничкиот акт врз девојката од Штип, кое се прошири на порталите и социјалните мрежи. Објавувањето и споделувањето на бруталниот видео материјал претставува продолжена виктимизација и понижување на жртвата. Да покажеме одговорност и емпатија и да не го дозволиме тоа“, се вели во реакцијата на Хелсиншкиот комитет за човекови права во врска со овој настан.

РЕКЛАМА
- Реклами -