5 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаСопругот на министерката за правда: Не македонски туку “Северномакедонски” е реалноста

Сопругот на министерката за правда: Не македонски туку “Северномакедонски” е реалноста

Како што известува express.mk на својот портал професорот на правниот факултет Јустинијан Први Тони Десковски кој и е сопруг на министерката за правда продолжува да користи кованици изведени од новото променето име и уверува дека со договорот од Преспа македонската нација е станала северномакедонска но тоа никој не сака да го признае.

Откако лани Десковски зборуваше за северномакедонски фудбалери сега зборува за северномакедонско знаме и тврди дека дури и придавката со која се означува националноста или државјанството е северномакедонска.

Во коментар на Фејсбук во врска со членството во НАТО Десковски вели: “Најважно е дека северномакедонското знаме се вее на јарболот. Се друго ќе помине”.

Откако соговорникот го предупредува дека се работи за македонско знаме професорот инсистира дека е северномакедонско затоа што не се работи само за знаме на Македонците туку на сите граѓани на државата.

“Отвори си правопис на Македонскиот литературен јазик:

Знамето на Северна Македонија е северномакедонско знаме.Ако е Македонско, тоа би значело дека е етничко знаме на Македонскиот народ. А не е, државно знаме е, на сите граѓани на Северна Македонија. И на Албанците, Турците, Ромите ….”, смета Десковски.

На забелешката дека по таа логика и граѓаните би се нарекувале така, а тоа не е дозволено затоа што знамето е државен симбол и не може да се употреби таква придавка, професорот открива дека реалноста е непријатна.

“Дојде до проблематичниот дел. Придавката ја открива непријатната вистина.

Државните симболи добиваат придавка која се изведува од новото име на државата.

Може да се живее во негација, но некои луѓе негираат дека земјата е тркалезна…

И придавката е северномакедонска”, пишува професорот и сопруг на министерката за правда во владата која го потпиша Преспанскиот договор со кој македонското стана северномакедонско.

 

 

 

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...