14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаЗа струмичани не важи полициски час: Пред домот на Заев толпа граѓани...

За струмичани не важи полициски час: Пред домот на Заев толпа граѓани чекаат хуманитарни пакети.

Законот треба да биде еднаков за сите и за да не дојде до недоразбирање требаше да биде и ангажиран и црвениот крст да ја подели храната на тие што им е неопходна. Педесетина лица попладнево, по започнување на полицискиот час се собрале пред домот на лидерот на СДСМ Зоран Заев во Струмица каде, спротивно на сите препораки за заштита од коронавируост, од тоа што го дознаваме, чекале донација од првиот човек на социјалдемократите.

Се уште нема одговор за тоа кој им ветил донација на луѓето кои се собрале пред домот на Заеви во Струмица, но она што е сигурно е дека ваквото собирање е апсолутно недозволено по 16.00 часот за време на викенди, а воопшто, ако се почитуваат препораките на Министерството за здравство.

Казниво, освен излегувањето во полициски час е и групирањето во групи поголеми од пет лица.

Зоран Заев вчера информираше дека тој и неговото семејство донирале на сиромашните луѓе, додека невладините организации кои се занимаваат со изборниот процес предупредуваат дека ваквите појави се класичен изборен поткуп.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...