9.4 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонија(Видео) Ања Ветрова на пат до карантин во Охрид, ми понудија да...

(Видео) Ања Ветрова на пат до карантин во Охрид, ми понудија да извршам нужда пред полициско возило.

Ања Ветерова која штотуку влезе во земјава, а се враќаше од Америка. На социланите мрежи сподели порака и голготата што ја минала за да влезе. Во целост ви ја претавуваме пораката и сето она со кое се соочила:

„Како што веќе знаете студирам во Бостон, Америка веќе две години со стипендија од Беркли и финансии од моите родители ништо од Р.МАКЕДОНИЈА. Поради пандемијата Корона, студирањето на Беркли продолжи да се одвива преку интернет. Јас во Бостон живеам во стан и поради тоа одлучив да останам таму додека да се смири ситуацијата во Европа. Многу амбасади на други држави во Америка ги контактираа своите граѓани воедно мои пријатели/студенти со молба ДА ЈА НАПУШТАТ АМЕРИКА и да се вратат дома. Јас таква информација од нашата амбасада во Вашингтон и Њу Џерси не добив. И покрај тоа, сама се пријавив да бидам една од граѓаните кои ќе бидат дел од проектот за Хуманитарни Летови на државата.Од амбасадите ме информираа дека нашата држава нема да организира хуманитарен лет и сама да се снајдам како да се вратам дома . Си купив авио билет од Бостон преку Лондон до Софија , каде се помина во најдобар ред и со такси пристигнав сама во своја организација на ГП ДЕВЕ БАИР на 04.04.2020 во 15.30 ч.

За условите во собата за изолација прочитавте од Христина Петрушевска, но сите пристигнати патници не бевме третирани исто. Кој има врски си отиде дома со полициска придружба. Во 18 часот пристигна автобусот и ни рекоа да се качиме и дека во 19.45 мин ќе не носат во Берово.

Тргнавме во 21ч. Во автобусот имаше околу 25 -30 патници и место во Берово ние стигнавме на ГП ТАБАНОВЦЕ, да собереме патници. По пат молиме да се застане на некоја бензиска пумпа за да можеме да одиме во тоалет. Во меѓувреме ни кажуваат дека ќе не носат за Охрид, па на обиколницата во Скопје, комбе со струмички таблици носи уште патници кои треба да влезат во веќе полниот автобус. Каде е правилото од 1.5м растојание?! Го нема. Во автобусот бевме седнати едни до други и така се возевме со саати.
Конечно по долгата борба со шоферот и полицијата, добивме дозвола да одиме во тоалет во природа. Дури имав понуда да ја извршам нуждата пред нивното полициско возило…СРАМНО.

Околу 5 часот наутро на 05.04.2020 пристигнавме во Охрид во хотел Фламенго , каде сме сместени по 2ца или повеќе во соба.

Да Ве прашам до кога ќе го делите народот партиски? До кога во нашата држава ќе работат врските? Нели сме во вонредна состојба каде нема партиии, сите добиваат ист третман?! Ако е државен карантин ќе биде ДРЖАВЕН КАРАНТИН за сите подеднакво!!!
И ние сме деца на родители кои работат и придонесуваат за доброто на државата, за да може јавната партиска администрација да живее.
ЗАСРАМЕТЕ СЕ !!!
Влада на Република Северна Македонија Никола Димитров – Nikola Dimitrov Венко Филипче Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë Министерство за Надворешни Работи / Ministry of Foreign Affairs
Луѓето во конзуларните преставништва во Америка , Велика Британија не знаат ништо , никаква помош, а заради нас се таму.

Голема благодарност до Aleksandar Panev амбасадор на РМ во Бугарија за несебичната подршка и човек кој знае што треба да работи. Во прилог видеа од патешествието државен карантин. Венко Филипче , Никола Димитров , Оливер Спасовски , Рашковски , вработени во МНР и други кои сте во организација на карантинот засрамете се и да ми одговорите дали и за Вашите деца ќе има ист ваков третман.
Жално за младината и подмладокот што живее во ваква земја , кога никој не се грижи за нив и за нивната иднина. Само партиски послушници. За некои е мајка, а за други маќеа. Пуста моја Македонијо…
СРАМ ДА ВИ Е!!! P.S. И не барам никој да ме сожалува. Си ги барам моите човекови права. Хелсински комитет за човекови права се слушаме?! И не е дека сум јас несовесен граѓанин кој сака да го донесе вирусот во државата. Тој вирус почна од тие такс наречени партиски потрчковци кои шетаат низ светот со парите на државата. Јас бев проверена пред и за време на патувањето од Америка, бидејќи сите држави беа организирани со тестирања. Ова го постирам за другите кои планираат да се вратат од цел свет. Ако немате врски подобро ви е да си седите таму кај што сте“ пишува Ветерова.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...