8.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаВладата донесе одлука занаетчиите да бидат обештетени со по 14.500 денари.

Владата донесе одлука занаетчиите да бидат обештетени со по 14.500 денари.

Во сетот мерки што Владата го донесе за справување со економските последици од кризата, според проценките ќе бидат опфатени околу 250.000 работни места, мерки покрај за компаниите има и за занаетчиите.

Согласно владините мерки, занаетчиите ќе имаат можност да добијат финансиска поддршка до 14.500 денари месечно за месеците април и мај.

Финансиската поддршка на физичко лице кое врши самостојна дејност опфатени со оваа Уредба ќе се спроведува преку Владина Програма за финансиска поддршка со исплата на финансиски средства на трансакциска сметка преку која физичкото лице – барател на финансиска поддршка за исплата на финансиска поддршка за месеците април и мај 2020 година.

Паралелно, занаетчиите се ослободени од плаќање на ратите на кредитите од 3 до 6 месеци, а во зависност од тоа како се регистрирани, дел од занаетчиите ќе имаат можност да аплицираат за бескаматен кредит од Развојната банка и да добијат кредит до 3.000 евра со грејс период од 6 месеци.

На социјалните мрежи се појавија одредени занаетчии со ставови дека помошта кон нив била мала и незначајна, но ако подобро се погледнат мерките, ќе се види дека станува збор за сериозна поддршка кон занаетчиите.

Обебзедувањето две минимални плати, ослободувањето од плаќање кредити, како и можноста да се дојде до поволен бескаматен кредит значително ќе помогнат во справување со последиците кај оваа стопанска гранка и одржување на стабилна состојба до нормализирање на ситуацијата, односно до завршување на пандемијата со коронавирусот.

Бриф

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...