16.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаВо овие 10 македонски градови нема нити еден заболен со Ковид-19

Во овие 10 македонски градови нема нити еден заболен со Ковид-19

Според последните информации денеска има 72-јца новозабоолени пациенти со коронавирусот. Вкуониот број на заразени изнесува 555, информираат од Минстерството за здравство.

И додека, Куманово овој викенд живее под целосен карантин, Кочани сосема идентично како Куманово побара од Владата градот да биде ставен во целосна изолација, сепак постојат градови во земјава, каде што нема регистрирани пациенти со новиот коронавирус.

На број се десеттина, а станува збор за: Неготино, Кратово, Пробиштип, Дојран, Свети Николе, Кичево, Берово, Виница, Делчево, Пехчево.

Министерот за здравство Вено Филипче напоменува дека со добра дисциплина може да се држи под контрола состојбата со вирусот. Истовренео податоците покажуваат дека веднаш по Хрватска, Македонија до сега има направено 2.362 теста, а потоа следува Грција, Црна Гора, Романија и така натаму. Бугарија е на последно место во регионот по спроведени тестови на 1 милион жители. Според бројот на спроведени тестови за новиот коронавирус, на 1 милион жители, ние сме на второ место во регионот, покажуваат анализите.

-Имаме доволно тестови за да ги задоволиме потребите на нашата земја. Ова е одличен резултат, не само за бројката на тестови, туку и за целокупниот пристап кон идентификување на пациентите, нивните резултати и кластерите на заболени. Во моментов располагаме со 4.500 тестови, а резервите секојдневно се надополнуваат. Ја очекуваме донацијата и од 20.000 китови за тестирање – кои се доволни за потребите според вкупниот број на население во земјава“-објави министерот за здравство, Венко Филипче.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Малиот гениј Македон ја издаде првата научна книга, на англиски јазик

Малиот гениј Македон Димитровски од Тетово, преку видео се пофали за објавата на наеговата прва научна книга насловена „Од атоми до универзумот“. Книгата е на...

Пукање пред кафеана во Охрид, приведени две лица!

На 29.03.2024 во 00.15 часот пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа К.Б.(67) и М.П.(37), двајцата од...

Вознемерувачки фотографии од тешката сообраќајна незгода во Кичево во која животот го загубија три лица.

Шило Магазин дојде до ексклузивни фотографии од тешката сообраќајна незгода во која има тројца загинати и неколкумина повредени лица. МВР соопшти дека утрово во 4.50...

Страшна сообраќајка кај Кичево – тројца млади загинаа, неколкумина тешко повредени

Тројца загинати и неколкумина повредени лица е последица на страшната сообраќајна несзгод ашто се случила рано утрово во Кичево, информир аполицијата. МВР соопшти дека утрово...