5.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаСветНа будалијата и нема крај: Бугарите тврдат дека Александар Македонски починал од...

На будалијата и нема крај: Бугарите тврдат дека Александар Македонски починал од Корона.

Ако мислевте дека сте прочитале се на интернетот грешите, секако без Александар Македонски вмешан во корона вирусот нема да има поента целата историја, да оваа реченица е сарказам но ајде да видиме за што се работи што им текнало овој пат на Бугарите .

Раководителот на истражувањата на Самоиловата тврдина ми кажа дека ги нашол моштите на Александар Велики и утврдено е дека владетелот умрел од Ковид-19.

Ова за бугарскиот веб портал “Фокус” го изјави археологот, проф. Николај Овчаров, во врска со информациите за постоење на вирусот Ковид-19 со илјадници години, откриен при истражувањата на Самоиловата тврдина во Македонија во текот на 2002 година.

“Кога ми го соопштија тоа, јас му ѕвонев на мојот пријател Паско Кузман, кој долги години раководеше со ископувањата во Самоиловата тврдина и кој таму има многу интересни откритија. Сега нешто што тој не го соопштил за медиумите и го крие, но јас ќе го кажам во негово име. Тој таму го нашол и гробот на Александар Велики, што го барал целиот свој живот. По биолошкото истражување на коските, што е направено, се покажува дека Александар умрел од коронавирус”, вели уште археологот.

Според него, тоа е големо откритие, што му го соопштил неговиот пријател Паско Кузман. На прашањето дали вирусот во 2002 година се појавил повеќе од коските, отколку од монетата како што порано беше соопштено, професорот Овчаров изјави дека тоа се уште не може да се каже.

“Во секој случај, епидемија имало и мистериозната смрт, која не се знаеше од што е, всушност е од коронавирус” дополни проф. Николај Овчаров.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова: Без Охрид, Македонија нема да биде почитувана! – порача таа од синоќешниот митинг.

На 9-ти мај, ќе ја славиме Македонија како твоја и Македонија како горда! Ви ветуваме дека ќе докажеме дека нема да ве срамиме, дека...

Нема влада без Левица…

Со децении веќе доаѓаат со план за власт, да земаат, да пустошат и да крадат! Татковината која ја сакаме ја претворија во перална за...

Македонската професорка Светлана Мојсов е меѓу 100 највлијателни луѓе на светот

Научниот вонреден професор, Светлана Мојсов од Универзитетот „Рокфелер“ е именувана на листата на „Тајм 100“ највлијателни луѓе за 2024 година, која им оддава почит...

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...